Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Руските вооружени сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во нападите била оштетена инфраструктура на воени аеродроми, магацини за оружје, како и објекти за обука и лансирање на беспилотни летала, пренесе Интерфакс.

Се посочува дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле насочувана ракета „хамер“ од француско производство, 12 американски ракети ХИМАРС и 115 беспилотни летала.

Слични содржини