Руските сили ослободиле село окупирано од Украинците во областа Курск

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Руската армија денеска соопшти дека ослободила село во руската погранична област Курск, каде што украинските сили напредуваат од 6 август.

Откако „ја вратија контролата над селото Крупец“, руските сили „продолжуваат да ги потиснуваат“ украинските сили, објави руската армија.

Тоа е прв пат од 6 август руската војска да објави дека повторно освоила едно од селата заземени од украинските сили.

На 6 август тие го нападнаа регионот Курск, изненадувајќи ги руските трупи. Тоа е прво продирање на странска војска во Русија по Втората светска војна.

Слични содржини