Руските уметници против Путин: Не сакаме нашите деца да живеат во агресорска земја

од Nikola Popovski
290 прегледи

Руските уметници се приклучија на големиот број јавни личности кои ја осудија одлуката на претседателот Владимир Путин да започне воена акција во Украина.

Група познати руски уметници потпишаа антивоено соопштение против инвазијата на Путин на Украина. Меѓу нив има актери, режисери, сценаристи, драматурзи, издавачи и писатели. Најпознати имиња на листата на потписници се преведените писатели Владимир Сорокин и Борис Акунин.

„Патриоти!Војната меѓу Русија и Украина е срамна. Срамота е за нас, но за жал, нашите деца, генерација на многу млади и неродени Руси, ќе мора да сносат одговорност за тоа. Не сакаме нашите деца да живеат во земја-агресор, да се срамат што нивната војска напаѓа соседна независна држава. Ги повикуваме сите граѓани на Русија да кажат не на оваа војна.

Не веруваме дека независна Украина е закана за Русија или која било друга земја. Не веруваме во изјавата на Владимир Путин дека украинскиот народ е под власт на „нацистите“ и дека треба да се „ослободи“.

Бараме крај на оваа војна“, се вели во соопштението.

Рускиот рапер Оксимирон во видео на својот Инстаграм профил објави дека ја откажува својата прва турнеја во последните пет години, која е распродадена, во знак на протест против инвазијата. Следната недела требаше да настапи на три концерти во Санкт Петербург, а потоа и на три концерти од 11 до 13 март на московскиот Адреналин стадион.

„Денес нема да си го одржам зборот дека сум за мир и против војна, бидејќи на зборови сите се секогаш за мир и против војна ит тоа не ги спречува да иницираат инвазии“, рече Оксимирон.

„Сакам да кажам дека сум против оваа конкретна војна што Русија ја води против украинскиот народ. Верувам дека ова е катастрофа и злосторство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oxxxymiron (@norimyxxxo)

Директорката на Државниот театар во Москва, Елена Ковалскаја, јавно го нарече рускиот претседател Владимир Путин „убиец“ откако објави дека се повлекува од функцијата во знак на протест поради рускиот напад врз Украина.

„Пријатели, во знак на протест против руската инвазија на Украина, поднесувам оставка“, објави на Фејсбук Елена Ковалскаја, директорка на театарот Мејерхолд Центар.

Ковалскаја додаде: „Не можете да работите за убиец и да бидете платен од него“.

Зборувајќи против одлуката на Путин, руските познати личности често ја загрозуваат својата кариера. Владата ги контролира сите сегменти на руската популарна култура со филтрирање на пристапот до главните телевизиски мрежи што ги контролира.