Руските власти бесни- „Јутјуб“ го блокираше рускиот парламентарен канал

од Маја Анчевска
315 прегледи

Платформата „Јутјуб“ го блокираше рускиот парламентарен канал Дума ТВ. Во порака „Јутјуб“ објави дека каналот на Думата е укинат поради прекршување на условите за користење на платформата.

Овој потег предизвика бес кај руските власти, кои предупредија дека „Јутјуб“, може да се соочи со рестрикции како одговор.

Рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ соопшти дека побарал од „Гугл“ да го врати пристапот до каналот на Думата, пренесува „Ројтерс“.

„Американската ИТ компанија има силна антируска позиција во информативната војна што Западот ја започна против нашата земја“, соопшти „Роскомнадзор“.

Од „Гугл“ изјавиле за „Ројтерс“  дека се посветени на почитување на сите важечки санкции и закони.

„Ако утврдиме дека некој налог ги прекршува нашите услови за користење, ќе преземеме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања или промени“, порачале од „Гугл“.

Слични содржини