Руското Министерство за економски развој предлага да се забрани државните службеници и вработените во армијата да користат за службени цели мобилни апликации на странски компании, објави Комерсант.

Предлогот веќе е испратен до претседателот на државата, наведува весникот.
– Се предлага за службена коресподенција да се користат руски месинџери, потврди за весникот претставник од Министерството.
Ограничувања може да погодат Gmail и популарните апликации WhatsApp, Viber, Skype и Telegram. Мерките би важеле и за компаниите каде државата има учество и за државните монополи.