Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одговорот на Москва на натрупувањето на војници на НАТО во Полска ќе биде пропорционален, пренесе агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот дипломат Олег Тјапкин, пренесе Танјуг.
„Одговорот, како и секогаш, ќе биде пропорционален и соодветен, со намера да се неутрализираат потенцијалните закани за Руската Федерација“, рече Тјапкин, кој е вршител на должноста шеф за односите на Русија со ЕУ во Министерството за надворешни работи.