Руско МНР: Сакаме да избегнеме интервенција во Молдавија

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Русија сака да избегне сценарио во кое Москва би морала да интервенира во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.

Претходно денеска, молдавската претседателка Маја Санду свика седница на Врховниот совет за безбедност на земјата поради инцидентите во самопрогласениот регион Придњестровје, соопшти нејзиниот кабинет.

Министерството за внатрешни работи на самопрогласеното Придњестровје, на истокот на Молдавија, денеска соопшти дека имало две експлозии во селото Мајак, во областа Григориопол.