216
Руските системи за противвоздушна одбрана соборија „јато“ украински дронови над Крим и три над регионот на Волгоград, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија 16 беспилотни летала, од кои 13 над полуостровот Крим и три над територијата на регионот Волгоград“, стои во соопштението на министерството на Телеграм.
Од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година, Москва речиси секојдневно известува за напади со украински беспилотни летала на руските погранични области, на Крим и Москва.