Руското МО: Спречен и петтиот обид на Украинците да се префрлат на левиот брег на Дњепар

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Во изминатите три недели, руските сили спречиле пет обиди на украинските вооружени сили да слетаат на левиот брег на реката Дњепар во правец на Херсон.

Како што наведува руското министерство за одбрана во денешното соопштение, „поради битката дневните загуби на непријателот изнесуваат 130 загинати и ранети воени лица, како и три уништени возила“.

Во соопштението, исто така, се прецизира дека за време на борбите „погоден е артилерискиот систем М777 од американско производство, хаубица Д-20 и три топа Д-30“.

Воениот аналитичар Владислав Шуригин минатата недела изјави дека извештајот до украинската команда дека нивните сили наводно се зголемуваат на левиот брег на реката Дњепар е создаден за пропаганда, за да се создаде одредена илузија дека Украина сè уште ја одржува иницијативата во воената зона.

Во реалноста, тврди Шуригин, украинските вооружени сили повеќе не можат да напаѓаат или преземаат ништо друго освен да се бранат.

Сите нивни обиди да го преминат Дњепар беа успешно спречени од руските војски.

Претходно, на 22 октомври, министерството за одбрана на Русија извести дека во правец на Херсон, руската армија спречила обиди на украинските вооружени сили да го преминат Дњепар.

На 21 октомври, руските разузнавачи извршија рација на десниот брег на Дњепар и уништија набљудувачка станица на украинските вооружени сили. Како што се наведува во соопштението, „непријателскиот персонал е елиминиран, а оружјето и опремата за комуникација се оштетени“.

Слични содржини