Русокосата „виновна“ за разделбата на Џеј Ло и Алекс: Има лице на ангел и пеколно добро тело!

од Vladimir Zorba
580 прегледи

Реалити sвездата Медисон Ле Крој (31) наводно е главниот виновник за разделбата на Џенифер Лопез (51) и Алекс Родригез (45).

Имено, обожавателите сè уште со неверување ја коментираат веста за ненадејниот раскин на врската и свршувачката на латино sвездата и поранешниот бејзбол играч, а во јавноста протекоа информации за тоа кој би можел да биде вистинскиот виновник за тоа.

Според странските медиуми, излегоа на виделина информациите дека старлетата и ријалити sвездата на „Southern Charm“ наводно пред неколку месеци потпишале договор за доверливост со Алекс.

Нејзиниот колега од реалното шоу Шеп Роуз ја откри оваа информација за „US Weekly“, сугерирајќи дека можеби е направена некаква контрола на штетата.

– Знам дека е потпишан договор за доверливост, што всушност не мора да значи ништо важно – рече Шеп.

И самата Медисон пред медиумите призна дека разговарала со Алекс, но дека ништо повеќе не се случило меѓу нив и дека нивната врска е платонска. Тоа се случи по емитувањето на нови епизоди од реалното шоу во кое учествува, и во кое е обвинета дека спиела со мистериозен поранешен бејзбол играч, а може да биде Алекс.

– Се обидов да бидам што е можно потивка. Не му посакувам никаква штета, ниту на неговото семејство. Дефинитивно сме невини во сето ова. Никогаш не сме се сретнале и немале физички контакт. Ние сме само познаници и јас и Алекс никогаш не сме ја изневериле Џенифер, физички – изјави тогаш Медисон за „Пејџ Сикс“.

Извор близок до нив од Мајами потврди дека врската на Алекс и Џеј Ло веќе некое време е на „стаклени нозе“ и дека раскинале пред неколку дена.

– Тој сега е во Мајами и се подготвува за бејзбол сезоната, а таа прави филм во Доминиканската Република – потврди анонимен извор.

Двојката беше во Доминиканската Република на крајот на минатиот месец, каде Џенифер моментално работи на снимањето на новиот филм „Shotgun Wedding“, а Алекс сега се врати во Мајами, па многумина се сомневаат дека разделбата си го направи своето.