Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска појасни дека изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце доцни поради експропријација на парцелите што беа во приватни имоти.
-Тоа доцнење се рефлектира во работите на тие два километри. Веќе ги имаме проектите и визијата. Со нашите правила и според Законот за јавни набавки, се предвидува да влеземе над 20% од износот од тој договор и ние сега треба да отвориме нов процес за извор за тие два километри, рече Рустеми при денешниот увид во започнување на реконструкцијата на регионалниот пат Р 1404 Робово – Муртино.
Во однос на прашањето за рехабилитација на обиколницата околу Богданци, Рустеми кажа оти овој проект не е заглавен и дека има избор на изведувач. Проблеми се појавиле околу одобрување на проектот но, како што посочи, тоа веќе е надминато и многу бргу се очекува да почнат работите таму.