Рустеми: На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, тие имаат целосна надлежност за подизведувачите

од Radmila Tasevska
736 прегледи

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма.

Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“.

-Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица.

Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.

-Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби.

Слични содржини