Руте: Алијансата мора да направи се за Украина да ја продолжи својата борба

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави денеска во Германија, пред почетокот на состанокот на Контакт групата за помош на Украина, предводена од Соединетите Американски Држави, дека земјите од Алијансата мора да направат се што е можно за да и дозволат на Украина да продолжи со своите вооружени акции.

„Мораме да направиме сè што е можно за да и обезбедиме на Украина потребната опрема и обука за продолжување на борбата“, рече Руте, што беше објавено на официјалниот канал на YouTube News на НАТО.

Тој на средбата истакна дека е клучно да се демонстрира учеството на сите земји од НАТО во давање поддршка на Украина.

Слични содржини