15
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека острите критики што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон германскиот канцелар Олаф Шолц се „неправедни“, објавија денеска германските медиуми.
Иако Германија е сигурен сојузник на Украина, неподготвеноста на официјален Берлин да испрати крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, беше причина за незадоволство во Киев, наведува Ројтерс.
„Често му кажував на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека тоа е неправедно“, рече Руте, додавајќи дека тој, за разлика од Шолц, би ја снабдувал Украина со крстосувачки ракети „Таурус“ и нема да поставува ограничувања за нивната употреба.