Руте: Следиме што се случува во Јужна Кореја, нашиот однос е „челичен“

од Vladimir Zorba
12 прегледи

НАТО ја следи актуелната ситуација во Јужна Кореја, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, нагласувајќи дека НАТО има „челичен“ однос со Јужна Кореја, кој не може да се промени или ослабне.

„Ги следиме настаните во Јужна Кореја, не интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Нашиот однос со Јужна Кореја е клучен, нашиот однос со Јужна Кореја е челичен“, рече Руте на состанокот на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол вчера прогласи воена состојба во таа земја за, како што наведе, „да ја спаси земјата од антидржавните сили кои се обидуваат да ги парализираат суштинските функции на државата и да го уништат уставниот поредок на либералната демократија. “. Подоцна истиот ден, парламентот ја изгласа резолуцијата за укинување на воената состојба.

Слични содржини