Рутe: Украина не би постоела без Америка

од Nikola Popovski
699 прегледи

Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.

На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД потрошиле десетици милијарди долари за поддршка на Украина.

– Да разјасниме: Украина веројатно не би постоела денес како земја без поддршката на САД – рече Руте, пренесува „Срна“.

Според него, ситуацијата на бојното поле е тешка за Украина.

Руте смета дека е виден „ограничениот напредок на руската армија на бојното поле оваа година“.

Зборувајќи за рускиот нуклеарен арсенал, Руте нагласи дека Алијансата е свесна за новата доктрина на Русија на тоа поле, но не гледа закана дека Москва ќе користи нуклеарно оружје.

Слични содржини