212
Писателот Салман Ружди, кој во петокот беше избоден на бина во државата Њујорк, е симнат од респиратор и може да зборува, потврди неговиот агент.
Британскиот романсиер со индиско потекло останува во болница со сериозни повреди, а неговиот колега Атиш Тасер на Твитер напиша дека Ружди бил симнат од респиратор и дека зборува, дури и се „шегува“.
Според „Гардијан“, агентот на Ружди, Ендрју Вајли, ја потврдил информацијата без да даде повеќе детали.
Хади Мадари од Њу Џерси, обвинет за прободување на Ружди, се изјасни за невин за напад и обид за убиство.