Ружин: Праксата за партиски влијанија за избор на дипломати не ја измисли ниту Османи ниту ДУИ

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Политиката мора да го намали своето влијание во кадровските решенија особено кога се работи за испраќање дипломати на специфични места. С.Македонија е мала држава со ограничен број на можни дипломатски решенија, вели во разговор за „Локално“,универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

Според него за поздравување е одлукатa на Османи, работната група во МНР да ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година, посебно ако нивниот пристап биде аналитиччки и коректен.

-Кога се работи ревизија на некој процес, конкретно на ревизијата на слбостите на кадровските решенија во минатото со која ќе се зафати работната група на МНР сметам дека не е задоцнета одлуката, но тоа ќе биде начин да се откријат слабостите во минатото за да се не повторуваат истите во иднина. Впрочем тоа можеле да го направат и претходниците на Османи, смета Ружин.

Во врска со тоа дали се злоупотребува позицијата министер, за да се праќаат партиски кандидати, поранешниот дипломат вели дека оваа пракса во земјата се имплементирал уште од деведесетите години кога земјата почнала да го гради својот дипломатскиот корпус.

-Оваа пракса не ја измисли ниту министерот Османи ниту ДУИ, тоа е пракса која се имплементира уште од од деведесетите кога Македонија почна да го гради дипломатскиот корпус. Во комунизмот тоа се нарекуваше „кандидатот да поседува морално политички квалитети“. Во транзицијата на пост-комунизмот да е близок до владеачката партија. Со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ 1998 доаѓа до големи промени во кадровската политика во ресорот на дипломатијата, поради недостаток на кадри од партијата, опаѓаат критериумите на кадровската политика во дипломатијата. Сепак вистински пресврт е во епохата на владеењето на Владата на Никола Груевски, кога се распишуваа конкурси за амбасадори што е скандалозен потег. Кадровската политиката на МНР во дипломатијата се сведе на обичен конкурс како во секоја обична фирма. Сепак и натаму за амбасадори беа именувани луѓе блиски до владеачката партија. На тој начин како амбасадсори беа испратени поранешни директори на јавни претпријатија, луѓе од доменот на медицината, лица без никакво дипломатско искуство. Едноставно владата на Груевски немаше доверба во кариерниот дипломати освен оние кои беа најлојанли на негивата политика, објаснува Ружин.

Тој вели дека амбасадорската дејност не трпи претерано вообразени и бироктратизирани личности, додавајќи дека потребна е тимска работа и почитување на секој поединец од неговиот тим.

-Според законот на МНР утврдено е 75% од дипломатите да се од криера, односно вработени во МНР и да ги поминат сите стадиуми на развитокот на нивниот дипломатски профил. Останатите 25% треба да се афирмирани интелектуалци, уметници, професори, деловни луѓе познавачи на материјата со чија личност би се подобрил имиџот на државата. Во некои случаи дипломатите од кариера навистина се полезни за држават,а но често зарадиадминистративниот однос, покажуваа премногу конвенционалност, претерана воздржаност,страв и нерешителност. Пасивни се во локалните медиуми, додека и затоа треба постојано да бидат мотивирани за поголема иницијатива и поголем простор на активност. Некариерните во одредени случаи можат да бидат поуспешни, но потребен им е добар тим. Амбасадорската дејност не трпи претерано вообразени и бироктратизирани личности, туку тимска работа и почитување на секој поединец од неговиот тим. Затоа е добро да се почитува процентот од 25% некариерни дипломати. Инаку сите треба да работат според инструкциите на МНР, но сметам дека тоа е слабата страна на нашите министерства бидејќи недостасуваат инструкции за важни прашања на нашите министри односно на нивниот кабинет, смета професорот.

Денес дипломатијата, според Ружин се повеќе се сведува на економските активности и според тој тренд треба да се добие простор во нашите дипломатски кадровски решенија, објаснувајќи дека „помина времето на заспани или салонски дипломати“.

-Сметам дека треба да се почитуваат повеќе критериуми од познавање јазик на државата каде се праќа дипломатот до прифаќање на тамошната култура, располагање со добри познавања на државата примател или мултилатералната институција (НАТО,ЕУ,ООН), примерно однсеување во својата средина и тн. Кај нас воглавно зборуваат англиски и поретко француски јазик, но се праќаат во држави каде се зборува италијански, шпански, португалски, холандски и тн. Тоа многу лошо се доживува во тамошните држави. Секако постојат и други критериуми: етички-деонтолошки, морални, интелектуални, психолошки. Пожелно е да немаат тенденција кон разни пороци, скандали и насилност, почитување на своите колеги и на средината во која живее.Денес дипломатијата се повеќе се сведува на економските активности. Затоа и таквиот тренд треба да добие свој простор во нашите дипломатски кадровски решенија. Помина времето на „заспани или салонски дипломати“. Дипломатот мора да е динамичен, брзо да размислува, да блика од енергија, добро однесување, поседување на манири, хигиена, умереност во односите со останатите дипломати, да поседува поширок маневарски простор особено кога се работи за економски интререси, подвлекува дипломатот.

Тој напоменува дека дипломатите кои се испратени од земјата треба да објавуваат текстови во тамошните медиуми, да настапуваат во електронските медиуми со цел да се пропагира сопствената држава, односно амбасадорот да е комуникативен и иницијативен.

Во однос на начинот на избор на дипломатите, би било пожелно, вели Ружин, да учествуваат и искусни дипломати, поранешни амбасадсори, на пример Советот на Амабасадиорите и Дипломатскиот клуб.

Професорот додава дека нашите млади дипломати повеќе треба да работат во своето оспособување и унапредување.

-Уште од почетокот пожелно е да ги знаат правилата и Законот на МНР, специфичностите на државите или мултилатералните органиозации (НАТО, ЕУ, ОБСЕ, ООН) и барем најмалку пет години да ги изучуваат државите и институциите кон кои би инклинирале, да го познаваат Меѓународното јавно право особено Конвенциите од Виена 1961 и 1963 за дипломатските и конзуларните односи и правила . Патем политиката мора да го намали своето влијание во кадровските решенија особено кога се работи за поспецифични места. С.Македонија е мала држава со ограничен број на можни дипломатски решенија, вели тој.

Од телевизиско во конзулско столче

Дипломатската кариера на Бесмира Ејупи траеше 48 часа. Владата ја донесе па ја повлече одлуката да ја испрати 28-годишната телевизиска презентерка за генерален кознул во Њујорк.

По реакциите во јавноста премиерот Ковачевски и Министерството за надворешни работи појаснија дека во моментов имаме генерален конзул кој е дипломат од кариера и не се предвидува негова замена.

„Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, соопштија од МНР.

Со своја рекација излегао од дипломатскиот синдикат од каде посочија дека треба да престане злоупотребата на дипломатските позиции во државата.

– Ваквите злоупотреби и прекршувања на законот за надворешни работи, а исто така и на неодамна донесениот етички кодекс на владата не се и никогаш нема да бидат вистинскиот пат за градење сериозна дипломатија, амбасадорот Зоран Дабиќ.

Б.М.

Слични содржини