С.Арабија сака да интервенира во Сирија, Русите ги “чекаат”…

од desk3
81 прегледи

Саудиска Арабија е подготвена да испрати копнени сили во Сирија во рамките на меѓународната операција таму. Што е ова – уште избезумено авантура на Ријад или склоност кон самоубиство? Коментар на DW.

0,,18342792_303,00

Во Сирија станува уште пожестоко. Мировните преговори повторно се замрзнати – уште пред да почнаа вистински. На овој фон Саудиска Арабија, која се манифестира како регионална сила, очигледно сака да покаже решителност:
Ријад е подготвена да испрати свои копнени сили во Сирија, ако меѓународната коалиција одлучи да преземе копнена офанзива против терористичката организација “Исламска држава” (ИД). Ова го објави советник на саудискиот престолонаследник и министер за одбрана Мохамед бин Салман.

Како да го толкуваме ова послание? Во очите на Западот тоа може и да изгледа позитивно, но не е. Се знае дека Ријад шири екстремистички идеи низ целиот свет и не презема ништо против оние граѓани на земјата, кои ја помагаат финансиски ИД. И ако сега Саудиска Арабија ни кажува дека е подготвена да испрати свои војници во Сирија, не е ли тоа очекуваниот за Запад сигнал дека исламските држави конечно почнуваат да се активираат против ИД?

Германија и бегалците – ненаучни лекции од војната во Босна

 

Помош која никој не сака

Тоа би било премногу поедноставено објаснување. При сета своја идеолошка близина со ИД, Саудиска Арабија има интерес да се бори против терористичките милиции. Бидејќи една од целите им е да ја соборат саудиската монархија. Уште поголема закана за Ријад е неговото сопствено шиитско малцинство, како и шиитите во Иран, кој, заедно со Русија,го крепи режимот на сирискиот претседател Асад. Сите тие одамна се вмешани и воено – директно или индиректно – во конфликтот, а не ја поддржуваат ИД, туку други исламистички бунтовнички групи.
САД одбија да го коментираат саудиското предлог. Никој во Вашингтон не сака воена офанзива со учество на западни или саудиски копнени сили. И тоа е повеќе од разумно со оглед на масовното руско воено присуство во регионот – колку и цинично да изгледа тоа во очите на луѓето кои се принудени да бегаат од бомбардирањето на сириската армија или Русите, или пак од теророт на “Исламска држава”. Саудиска Арабија веќе интервенира во една крвава, нередовна војна во Јемен. А влезот на земјата и во војната во Сирија, каде што има премногу играчи, и каде Ријад е виден како страна во конфликтот, ќе биде уште повеќе опасна авантура за Саудиска Арабија.

“Импулсивна интервенциска политика”

Во контекст на тешката економска ситуација во земјата и дипломатските успеси на Иран на меѓународната сцена, Ријад почнува да ги испушта нервите и се впушти во опасна воена авантура. Изгледа дека неповратно помина времето кога Ријад се обидуваше да ја исполнува улогата на сигурен партнер и посредник.

Германското надворешно разузнавање БНД гледа во активностите на сегашното Саудиско водтсво склоност кон “импулсивна интервенциска политика”. А при последната турнеја на Блискиот Исток, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер имаше можност да се увери дека Ријад е исто толку малку наклонет на компромиси во сегашните конфликти, како и режимот во Техеран. Односно, не е само темата за човековите права, која ги става на тест традиционално добрите односи меѓу западните земји и Саудиска Арабија.