С. Кореја ги повика војниците да го бранат Ким „со сопствените животи“

од Nikola Popovski
321 прегледи

Северна Кореја денеска апелираше до своите 1,2 милиони војници да застанат обединети зад нејзиниот лидер Ким Џонг Ун и „да го бранат со своите животи“ додека земјата ја прославуваше десетгодишнината од доаѓањето на Ким на функцијата врховен командант.

Годишнината се совпаѓа со повеќедневната севернокорејска политичка конференција на која се очекува официјални лица да разгледаат како да се справат со тешкотиите што ги донесе пандемијата Ковид 19, како и со дипломатијата со Соединетите држави.

Според ABC Њуз, повикувајќи се на АП, во долгиот уреднички текст на весникот Родонг Синмун се наведува дека воените команданти и војниците на Северна Кореја мора да станат „непобедлива тврдина и непробојни ѕидови во посветената одбрана на Ким со своите животи“.

Исто така, се повикува на изградба на помодернизирана, напредна армија која служи како „сигурен чувар на нашата држава и народ“. Едиторијалот додава дека сите севернокорејски војници и граѓани мора да го поддржат раководството на Ким за да се воспостави моќна социјалистичка земја.

Северна Кореја претходно објави слични пропагандни изјави во кои ги повикува граѓаните да се обединат зад Ким во тешки времиња. Некои аналитичари тврдат дека Ким се соочува со најтешкиот период од неговото десетгодишно владеење поради пандемијата на коронарниот вирус, санкциите на ОН и неговото лошо владеење.

Слични содржини