С.Македонија е третата најсиромаашна земја во Европа, зад неа се само Албанија и БиХ

386 прегледи

Како што говорат податоците од Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја на европскиот континент, додека Албанија и БИХ се најсиромашните земја во Европа со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.

Ова значи дека на овие земји ќе им требаат неколку децении за да ги достигнат економските стандарди на остатокот од ЕУ и важат за земји со слаб економски потенцијал.

Земји пак, со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ. Другите врвни резултати се на Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија.

Во однос пак, на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан, како што вели Еуростат, котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.

Слични содржини