С. Македонија не ги исполнила целосно минималните стандарди против трговијата со луѓе, вели Стејт Департментот

од Vladimir Zorba

Владата на С. Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но, прави значителни напори во таа насока, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот.

Во извештајот се наведува дека и покрај документираното влијание од пандемијата со Ковид-19 врз капацитетот во борбата против трговијата со луѓе, владата севкупно демонстрирала зголемување на напорите, споредено со претходното истражување, и затоа земјава, се наоѓа и натаму во втората категорија.

Овие напори вклучуваат обвиненија против трговци со луѓе, како и изрекување сериозни затворски казни. Сепак, владата не ги исполнила минималните стандарди во неколку клучни области, наведува извештајот на Стејт департментот.

Владата го пренасочила средствата за заштита на жртвите кон напорите за справување со пандемијата, при што го загрозила функционирањето на мобилните тимови за идентификување жртви во трговијата со луѓе, како и обезбедување прифатилишта за тие жртви.

Полицијата нема соодветна опрема за пронаоѓање на жртвите, ниту пак опрема за спроведување проактивни истраги.

Канцеларијата на јавниот обвинител против организиран криминал има недостиг од неопходни средства, вклучувајќи и персонал, да постапува по случаи, коишто се под негова надлежност. Несоодветните напори за идентификување и корупцијата ги става потенцијалните жртви под ризик да бидат казнети за акт коишто биле принудени да го сторат, пишува Стејт департментот во делот за С. Македонија.

Слични содржини