Од синоќа на територјата на цела држава е програсена 30. дневна Кризна состојба.
Ова значи дека државата ќе може да ги користи сите ресурси и од приватното здравство, а истовремено и да ја вклучи армијата , со цел поголема заштита од ширење на Ковид 19 во земјава.
Одлуката за кризна состојба е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена.
Инаку и покрај тоа,бројот на заразени со Ковид-19, како и на починати и натаму е висок. Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа беа евидентирани нови 1237 случаи со Ковид-19, 39 починати и 748 оздравени пациенти.
Вкупниот број ковид – дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30.952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20.035.