„Саарбрикер цајтунг“: Груевски се обидува да се одржи на власт со разгорување етнички судири

од desk3
90 прегледи

Текстот објавен во „тац.тагесцајтунг“ од Берлин е пишуван по неделниот протест и започнува со слика од шаторите пред владата, како продолжение на демонстрацијата „се’ додека не биде соборена владата. Но, премиерот Груевски може да игра на клавијатурата на дезинформации и пропаганда. Во последните денови дури беа попречувани некои од уште слободните интернет-портали. Собирот на опозицијата во медиумите блиски до власта – а тоа се речиси сите – беше документиран со фотографии кои покажуваат неколку демонстранти, лабави редови, никаква манифестација на маси луѓе. Навистина дојдоа неколку десетици илјади луѓе, но во официјалните медиумски извештаи демонстрацијата меѓутоа изгледа како да е минимална“.

0,,18455111_303,00

Авторот Ерих Ратфелдер навестува дека контра-протестот „сигурно ќе биде гарниран со фотографии од маси луѓе“, како и дека на него ќе дојдат илјадници државни службеници. Притоа е наведено дека нивната бројка е зголемена од 100 илјади на 180 000 вработени, како и дека е „уиграна практиката да се превезува на демонстрации целиот персонал“.

Потоа авторот ја опишува атмосферата на неделниот собир и покрај другото пренесува и ваква слика: „Пред бината се мешаат македонски со потемноцрвените знамиња на Албанците, со знаме со боите на виножитото – знаме на сексуалните малцинства, со црвените турски знамиња со полумесечина и со знамето со четирите ’С‘ на Србите. Само многубројните Роми не мафтаа со никакви симболи, оти тие и ги немаат. Пејачот на една рок-група е завиткан во знаме во кое се обединети сите национални симболи. (…) Се отворија длабоки јазови во македонското општество. Но тие веќе не одат долж етнички линии“, констатира авторот на прилогот објавен во „тац.тагесцајтунг“.

Колбо предупредува од ескалација во Македонија

Весникот „Саарбрикер цајтунг“ денеска пренесува оцени од Валтер Колбо, некогашен државен секретар во германското министерство за одбрана и претседател на Германско-македонското друштво, за опасност од насилно заострување на политичката криза во Македонија: „Шефот на владата . На прашањето дали тоа може да води кон нова балканска војна, Колбо вели дека опасноста е голема: ’Тоа е фитил, кој не само што тлее, туку веќе гори‘. Во тој контекст Колбо упатува на престрелката во Куманово со 22 мртви и рече дека многу нешта зборуваат во прилог на тоа„оти тоа беше инсценирана акција на владата против наводните албански сепаратисти, обид да се поттикне мала војна, за да се одврати вниманието од корупцијата во сопствените редови‘.

Според Колбо, освен тоа има знаци дека Русија, по Украина, сега сака да се позиционира и во Македонија, за да забие клин во западниот сојуз. Меѓународната политика мора да се обиде да најде некое решение, бара политичарот од СПД. Оставка на Груевски и потоа нови избори би можеле да бидат излез“, се вели во „Саарбрикер цајтунг“.

Извор: Дојче веле

Текстот во целост прочитајте го тука