Сабаленка го освои УС Опен

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои пехарот на УС Опен, откако вечерва во финалето ја совлада Американката Џесика Пегула со резултат 7:5, 7:5.

Мечот траеше 114 минути, а Белорусинката успеа да го однесе трофејот само една година откако загуби во финалето од Коко Гоф.

По два трофеи од Австралија (2023 и 2024 година), ова е трет Гренд слем трофеј за Сабаленка во кариерата.

Слични содржини