Сабриу од „Вреди“: Изјавата на Гаши за албанскиот јазик ја отсликува реалноста на нашата земја, албанскиот јазик не е официјален

од Milan1
123 прегледи

Фатмир Сабриу од Коалицијата „Вреди“ коментирајќи го барањето на „Европскиот фронт“ за итна оставка од претседателот на Собранието Африм Гаши, истакна дека неговата изјава само ја отсликува реалноста на нашата земја оти албанскиот јазик не е официјален јазик во земјава.

-Изјавата на претседателот на Собранието на Северна Република дадена синоќа во Алсат само ја отсликува реалноста на нашата земја, односно дека албанскиот јазик кај нас не е официјален. Да, вистина е. Имаме закон за употреба на јазиците што ја унапредила употребата на албанскиот јазик, но кај нас албанскиот јазик не е официјален. Меѓутоа, нашите институции и функционери во меѓународните односи комуницираат само на еден јазик. Многу е јасно дека лица кои се прогласени за персона нон грата или се корумпирани, вклучени во американската „црна листа“, се против човек кој е благороден, праведен, морален, затоа што не можат да разберат дека таков човек може да се занимава со политика и да носи јавна функциија, рече Сабриу.

Тој потенцира дека пратеничката група на „Европскиот фронт“ имаат легитимно право да побараат оставка.

-Тие имаат легитимно право да бараат оставка. Ги имаат процедурите и механизмите предвидени со Уставот и законот. Ако мислат дека имаат поддршка, слободно нека се обидат да го разрешат претседателот на Собранието, рече Сабриу.

Пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието Африм Гаши откако тој во интервју зателевизија „Алсат“ изјави дека македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во државата, а албанскиот јазик е преведен јазик.