Соединетите држави бараат од Москва објаснување за „провокациите“ на границата со Украина, соопшти Стејт департментот, по повод извештајот дека руските трупи се акумулираат во близина на Украина.
Портпаролот на Стејт департментот Едвард Прајс изјави дека Соединетите држави ќе бидат загрижени доколку Русија направи некој потег што ќе ја заплаши Украина, без оглед дали е на руска или украинска територија, јави Танјуг повикувајќи се на Ројтерс
Негирање на Русија
Коментарот на Прајс доаѓа по телефонскиот разговор во петокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот колега Володимир Зеленски, кој рече дека Украина има „безрезервна поддршка од САД во конфликтот со руските сепаратисти“ на истокот од земјата.
Русија негираше дека движењето на руската армија претставува закана за Украина.