САД без колективен имунитет до крајот на летото

од Nikola Popovski
267 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денес дека ќе биде тешко за САД да достигнат колективен имунитет до крајот на летото, што значи дека најмалку 75% од населението ќе биде вакцинирано против коронавирус.

Бајден изјави за Си-Би-Ес Њуз дека идејата за постигнување имунитет на стадото во САД пред крајот на летото тешко може да се реализира, пренесува Гардијан.

Претходно, советникот на претседателот на САД, имунологот Ентони Фаучи, изјави дека колективниот имунитет во САД може да се постигне доколку имунизацијата опфати 70 до 85 проценти од населението.

Имунизацијата на населението во САД започна во средината на декември, а до 5 февруари 2021 година, според мапата објавена од Блумберг, користејќи податоци од секоја од сојузните држави, биле дадени повеќе од 36 милиони дози на вакцината.

Во оптек се вакцините од компаниите Модерна и Фајзер, кои се одобрени од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) и препорачани од Центрите за контрола на болести (ЦДЦ).

До крајот на јануари 2021 година, според Институтот Џон Хопкинс, повеќе од 26 милиони луѓе со коронавирус биле регистрирани во САД, а повеќе од 456 илјади луѓе починале од последиците на инфекцијата од почетокот на пандемијата до 5 февруари , што е најмногу во светот.

Слични содржини