14
Програмите за медицинска и здравствена помош во Америка, Медикеид и СНАП, ќе бидат исклучени од федералната пауза на финансирање наредена од претседателот Доналд Трамп, објави денеска Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа.
Според соопштението, покрај социјалното осигурување и Медикер, кои веќе се исклучени со упатствата, финансирањето на задолжителните програми како „Медикеид“ и „СНАП“ ќе продолжи без прекин, пренесува „Ројтерс“.
„Било која програма што обезбедува директни придобивки за Американците е експлицитно исклучена од паузата и изземена од овој процес на ревизија“, се вели во соопштението.