САД даваат 3 милиони долари за „главата“ на руски хакер

од Vladimir Zorba
99 прегледи
Стејт департментот на САД и ФБИ понудија награда од 3 милиони долари за информација која би помогнала за апсење на рускиот хакер Евгениј Богачев, пренесоа Ројтерс. Тоа е најголемата награда, ветена некогашза сајбер криминал._81221766_81221765
Специјалните служби го обвинуваат Богачев за создавање на криминална група која украла 100 милиони долари од компании и приватни лица. Со групата се поврзува криминалната мрежа ГејмОвер Зус, која пробила стотици илјадници компјутери низ целиот свет. Се тврди дека Богачев е творец и администратор на мрежата.
ГејмОвер Зус претставува ботнет – мрежа од инфицирани компјутери, со помош на која криминалците крадат лични податоци од жртвите. ГОЗ ги инфицирала компјутерите на корисниците со помош на Тројанецот „Криптолокер“, кој го блокира пристапот до датотеки, а на екранот се појавува порака со барање за исплата на откуп во рок од 72 часа. Инаку хакерите се закануваат дека ќе остават датотеките блокирани засекогаш.
По правило, плаќањето на откупот се случува преку криптовалутата биткоин. ГОЗ е најсофистицираниот ботнет, кој ФБИ и неговите сојузници некогаш се обиделе да го неутрализираат, признаваат од тајните служби.