Демократите во Претставничкиот дом побараа од американскиот претседател Џо Бајден да ја пушти во промет суровата нафта од Стратешките резерви (SPR) и да ја врати, барем привремено, забраната за извоз на нафта со цел да се намали растот на цените на енергенсите.
Демократите во писмо, прво потпишано од калифорнискиот демократ Ро Кана, апелираа до Бајден да преземе итна акција за да обезбеди „достапна и сигурна енергија за американските семејства”.
Во писмото, потпишано од осум други демократи во Претставничкиот дом, се бара од Бајден „да ги искористи сите достапни алатки за да ја намали цената на горивото на краток рок”.
Единаесет демократски сенатори му напишаа слично писмо на Бајден претходно овој месец.
Се очекува Министерството за енергетика денеска да посегне по нафтата од Стратешките резерви (СПР) во координација со неколку други земји, изјави извор од администрацијата на Бајден.
Можно е Бајден да зборува на ова тема и во денешниот говор за американската економија и растот на цените.