Дванаесетгодишно момче убило еден од крадците кои упаднале во станот во кој живеело момчето во Северна Каролина, соопшти полицијата.
Наведено е дека две маскирани лица упаднале во станот, барале пари и пукале во едно постаро лице.
Станува збор за Линда Елис (73), која од страна на еден член на семејството била идентификувана како баба на момчето, пишува NBC News.
Момчето пукало кон крадците, поради што тие побегнале.
Полицијата соопшти дека пронашла еден од крадците кој бил ранет, а подоцна починал во болницата.
Бабата на момчето е хоспитализирана со повреди кои не се опасни по живот.