273
Во рамки на 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.
-Низ разговорот Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда.
Од особена важност е и регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, која се интензивира, особено во полето на диверзификација во енергетскиот сектор, информира Маричиќ, додавајќи дека САД остануваат наш партнер и пријател на патот кој води до целосно членство на Северна Македонија во Унијата.