202
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска им наредил на припадниците на Националната гарда на Флорида да ја напуштат Украина и да бидат префрлени „некаде на друго место во Европа, стои во соопштение на Пентагон, а пренесува Си-Ен-Ен.
Наведено е дека 160 американски војници, припадници на Националната гарда, од ноември се во мисијата за обука во Украина.
„Тие ја напуштаат Украина и ќе бидат преместени на друго место во Европа. „Министерот за одбрана ја донесе оваа одлука како мерка на претпазливост, водејќи се првенствено од безбедноста на нашите членови и насоките на Стејт департментот за американскиот персонал во Украина“, се наведува во соопштението на Пентагон.