Американските санкции против Иран се продолжуваат за една година, потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, објави ТАСС.

Трамп испрати известување до Конгресот, се наведува во пораката од Белата куќа.
“Вонредната ситуација” во односите со Иран беше објавена на 15 мај 1995 година.
Потсетуваме дека минатата недела иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини САД за заговор користејќи економски притисок за соборување на владата на Исламската Република. Рахани ја отфрли можноста за разговори со Вашингтон.
Вашингтон ги вратил санкциите против Иран на крајот од минатата година.
Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина се против едностраната одлука на САД и се обидуваат да го спасат договорот со Исламската Република.