САД го повлекуваат дипломатскиот персонал од Венецуела

од desk4
492 прегледи

Соединетите Американски Држави ќе го повлечат целиот дипломатски персонал кој се уште се наоѓа во нивната Амбасада во Каракас поради влошување на кризата во земјата, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.

– Одлуката е одраз на влошената состојба во Венецуела како и проценките дека присутноста на дипломатскиот персонал во американската Амбасада стана ограничување за политиката на САД, напиша Помпео на Твитер.

Тој не презицира кога точно персоналот ќе биде повлечен од Амбасадата во Каракас.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро на 23 јануари соопшти дека ги прекинува дипломатските врски со САД, кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуиадо за привремен претседател на земјата, и нареди сите американски дипломати да си заминат.