САД и нивните сојузници предупредија на „висока терористичка закана“ на аеродромот во Кабул

од Vladimir Zorba
293 прегледи

САД и другите западни сили ги засилија напорите за евакуација, откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да има продолжување на рокот за напуштање на Авганистан, определен до 31 август.

Државниот секретар Антони Блинкен рече дека Вашингтон остварил контакти со околу 1.000 преостанати граѓани.

САД, пак, ги повика луѓето што се обидуваат да влезат на аеродромот во Кабул да ја напуштат областа, додека владите на Велика Британија и Австралија предупредија на „голема закана од терористички напади“.

Талибанските власти ветија дека ќе обезбедат безбедност надвор од аеродромот во Кабул, но разузнавачките извештаи за непосредна закана од Исламската држава Ирак и Левантот не можат да се игнорираат, рече еден западен дипломат.

Слични содржини