САД и Русија ги рестартираа односите во Сочи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Посетата на државниот секретар Џон Кери во Сочи, која првично претпоставуваше преговори само со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но помина во трипартитен формат со учество и  на рускиот претседател Владимир Путин, стана знак за нормализирање на тонот во руско-американските односи, и покрај резервите на дипломатите пред средбата.

430x377
За време на посетата, која, според зборовите на Лавров, “помина одлично”, заинтересираните страни разговараа  за неколку контроверзни теми како конфликтот во Украина, ситуацијата во Сирија и преговорите за иранската нуклеарна програма.Од своја страна, државниот секретар Џон Кери истакна дека меѓу него и претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се водени “искрени разговори”. Како резултат  на тоа Москва и Вашингтон излегоа со заеднички став да влијаат врз земјите во украинскиот конфликт, за да побараат тие начин да ги исполнат Минск аранжманите .
Џон Кери објави дека “ако и кога” условите на кревкиот  прекин на конфликтот во Украина бидат целосно исполнети, тогаш европските и американските санкции против Русија можат да бидат прекинати. Тој исто така ја критикуваше изјавата на украинскиот лидер Петро Порошенко дека контролата врз аеродромот во Донецк треба да биде вратена на неговата земја, и предупреди дека при употреба на сила од Киев, САД “ќе бидат многу загрижени од ваквите дејства”. Кери исто така, инсистираше дека има “итна потреба” САД и Русија да  соработуваат во сферата на глобалната политика.