САД им честитаат за договорот за избор на спецобвинителот

од desk3
89 прегледи

 

Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денес за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција.

сад амбасад ск

Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија, се вели во соопштението на Амбасадата на САД во Македонија.