САД им донираат 37 блиндирани возила на албанските вооружени сили

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Албанските вооружени сили денеска добија 37 блидирани возила, донација од Владата на САД.

Возлата се марка Интернешнал Макс Про МРАП – International Maxx Pro MRAP (Mine Resistant Ambush Protected) и ќе бидат искористени од структурите на албанските вооружени сили, кои се дел од колективната одбрана на НАТО.

На свеченото предавање на донацијата министерката за одбрана Олта Џачка и се заблагодари на американската Влада за континуираната помош за Албанија и оцени дека е ова важна донацијата што ќе ги зголеми способностите и перформансите на безбедносните сили.

-Оваа донација значи повисок квалитет на капацитетите, повеќе заеднички заложби и, секако, поголема безбедност и за нашата земја и за Алијансата. Возилата ќе овозможат проширен спектар на задачи и мисија на нашите војници и ќе ја подобрат безбедноста на персоналот, особено против мините и импровизираните експлозивни направи, што сега се смета за една од најзастапените закани за оперативната околина, истакна меѓу другото Џачка.

Лејла Мосес-Уанс, од амерканската амбасада во Тирана, високо ја оцени улогата на Албанија во регионот, како и ангажираноста на актуелното раководство на Министерството за одбрана и вооружените сили на Албанија.

Возилата се со капацитет од три до седум војници.