САД испраќаат дополнителни трупи на Блискиот исток по протестите пред Амбасадата во Багдад

од Vladimir Zorba
270 прегледи

САД веднаш ќе испратат на Блискиот исток околу 750 војници како одговор на насилните протести пред американската Амбасада во Багдад. Тоа го изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Во соопштение тој наведува дека одобрил испраќање пешадиски батаљон од 82. воздухопловна дивизија каде се Силите за брза реакција. Тој прецизира дека дополнителните трупи од Силите за брза реакција ќе бидат ангажирани во следните денови.

Слични содржини