САД: Израел има право да го нападне Хезболах во Либан

од Milan1
20 прегледи

Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги штити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучително и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.

„Разбираме дека Хезболах понекогаш дејствува под цивилни домови, во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне тие легитимни цели, но тоа мора да го направи на начин кој ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој.

Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широко бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите, објасни тој. Либанските власти го критикуваа вчерашниот напад, во кој беа повредени повеќе од 50 луѓе, велејќи дека тоа е доказ дека Израел сега ја напаѓа либанската држава.

Слични содржини