САД: Калифорнија се подготвува за нов бран бури и поплави, досега 19 лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

По неколку недели невреме и поплави во Калифорнија, граѓаните добија кратка пауза за да се подготват за уште еден бран врнежи предвиден за денеска.

Во изминатите две недели дождот и невремето во Калифорнија однесоа 19 животи, пренесува „Ројтерс“.

Најмалку две бури повторно ќе ја погодат Калифорнија овој викенд, соопшти американската Национална метеоролошка служба (NWS).

Дожд ќе паѓа во крајбрежните делови на Калифорнија, додека снег ќе паѓа во Сиера Невада и другите планински области, додаде NWS.

Главниот град Сакраменто се обидува да ги исчисти патиштата од дрвја паднати во бурата и да подготви нови вреќи со песок за подобро да ги заштити жителите од бури и поплави.

Во областа Монтереј на брегот на Тихиот океан особено загрижува зголеменото ниво на реката Салинас и можното излевање, а на локалните жители им е наредено да се евакуираат.

Шерифот на округот Монтереј, Тина Нието рече дека полицијата оди од врата до врата убедувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови што е можно поскоро.

Дождот, снегот и одроните од кал затворија десетици локални патишта, а возачите беа предупредени да останат дома.

Слични содржини