САД ќе распоредат уште 2.500 војници во Полска

од Milan1
250 прегледи

Соединетите Американски Држави ќе распоредат дополнителни 2.500 војници во Полска како дел од трансферот на своите воени сили во Источна Европа, изјави денеска шефот на полското биро за национална безбедност, Павел Солох, пренесува руски Спутник.

„Се потпираме на американските војници. Веќе водевме такви преговори. Соединетите држави пред некој ден објавија дека ќе префрлат повеќе од 8.500 војници во цела Источна Европа. Се чини дека ќе имаме околу 2.500 дополнителни војници“, рече Солох за полското радио.

Солох рече и дека има два актуелни планови, при што едното сценарио предвидува присуство на американски војници во Источна Европа, вклучително и Полска, а другото предвидува создавање механизам за распоредување значителен број војници, доколку е потребно.