САД: Масовниот убиец од Бафало обвинет за злосторство од омраза

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Американското Министерство за правда поднесе обвинение за федерално злосторство од омраза против 18-годишниот белец Пејтон Гендрон, кој е обвинет за убиство на 10 црнци во расистички мотивираниот напад во мај во супермаркет во Бафало.

Обвинението поднесено во средата против Гендрон за злосторства од омраза и прекршоци за поседување оружје содржи 26 точки.

„Никој во оваа земја не треба да живее во страв дека кога ќе оди на работа или да купи намирници, ќе биде нападнат од некој што ги мрази поради бојата на нивната кожа“, рече секретарот за правда на прес-конференција.

Слични содржини