САД: Метеж на автопат поради долари кои паѓаа од небо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Содржина што испадна од блиндирано комбе предизвика жестока борба, но и апсења на американскиот автопат во петокот наутро.

Снимки на социјалните мрежи покажуваат како пари паѓаат од небо додека луѓето избезумено собираат долари расфрлани по патот.

Тоа се случи на „Интерстејт 5“ автопатот во округот Сан Диего, Калифорнија.

Возачите со возбуда ги напуштаат возилата, а сообраќајот е блокиран, соопшти полицијата.

Некои беа уапсени, а на сите што ги земаа парите им беше кажано да ги вратат.

Една од вратите на оклопното возило се отворила додека возела, а торбите во кои биле парите испаднале и се искинале околу девет часот и 15 минути по локално време.

„Поради некоја причина парите испаднале од блиндираното возило. Банкнотите летаа слободно низ целиот автопат“, рече Џим Патенкур, офицер на патролата во Калифорнија, задолжен за автопатот.

Од видеото што го снимила фитнес инфлуенсерката Деми Багби на местото на настанот се гледа дека сообраќајот е во застој, додека присутните се грабнуваат и си играат со расфрланите банкноти од еден и 20 долари.

„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели девојка за време на видеото, на кое потоа се гледа празен автопат, кој обично е многу фреквентен.

Две лица се уапсени на лице место, јавуваат локалните медиуми.

Сообраќајната полиција задолжена за автопатот соопшти дека е вклучено Федералното истражно биро (ФБИ) и ги повикало да се јават лицата кои ги зеле парите.

Полицаецот Бетанкур изјави дека секој што ќе застане да ги земе парите „може да се соочи со обвиненија“.

„Ако еден куп телевизори испаднат од камион на автопат, нема да можете само да ги земете телевизорите“, рече тој, според „San Diego Union Tribute“.

Подоцна истиот ден, десетина луѓе ги вратиле парите што ги однеле во полиција, изјави Кертис Мартин, наредник во патролата во Калифорнија задолжен за автопатот.

„Тие носат многу пари“, рече тој, без да наведе точна бројка.

„Многу пари се останати кај луѓето“, вели тој.

Слични содржини