САД може привремено да ги олеснат трговските санкции против Huawei

од Vladimir Zorba
110 прегледи

САД може да ублажат наскоро некои трговски санкции против Huawei откако вклучувањето на кинескиот телекомуникациски гигант во американската „црна листа“ оваа недела направи речиси невозможно компанијата да купува стока од американско производство, соопшти „Ројтерс“.

Министерството за трговија можно е да издаде привремена дозвола, за да даде време на американските компании и граѓаните кои имаат опрема од Huawei, да обезбедат негово одржување, рече портпаролот на институцијата. Лиценцата ќе остане во сила 90 дена и нема да важи за нови трансакции. Huawei уште не ги коментираше информациите.

Во четвртокот, Министерството за трговија на САД ја вклучи кинеската компанија во листата со правни лица, на кои им е забрането да прават бизнис со американски компании без специјална дозвола. Црната листа обично вклучува компании чија активност се смета дека е штетна за националната безбедност или надворешните работи на САД.

Веста за можното ублажување на ограничувањата против Huawei доаѓа во позадина на ескалацијата на трговските тензии меѓу САД и Кина.

Поттик за кинеската компанија

Во исто време, кинескиот гигант се обидува да извлече позитиви од ситуацијата. Во писмо до вработените на Huawei, видено од извор на „Financial Times“, главниот извршен директор на „HiSilicon“, подружницата на Huawei Technologies, која произведува полупроводници, Хи Тингбо пишува: „Сите резерви кои сме ги произвеле, станаа план „А“ за една ноќ“. Тој ги опиша активностите на САД како „лудо решение“.

„HiSilicon“ се најде на американскиот радар пред четири години, кога започна со производство на чипови за паметни телефони. Huawei ја основа компанијата во 2004 година за да ја намали зависноста од увозот. Во моментов кај модемите, компанијата произведува сама 45%, со предвидувања за зголемување до 60%, соопшти Global Times, повикувајќи се на извештај на DigiTimes.

Минатата година компанијата произведе чипови во вредност од 7,5 милијарди долари.