САД испраќаат нов пакет од над 1 милијарда долари во оружје и муниција на Израел, изјавија во вторникот тројца помошници на Конгресот. Тоа е прва пратка на оружје за Израел што ја објави администрацијата откако го стави во мирување трансферот на оружје, кој се состои од 3.500 бомби со висока моќност на почетокот на месецот. Администрацијата соопшти дека го прекинала претходниот тренсфер за да го спречи Израел да ги користи бомбите во неговата офанзива во градот Рафах во јужна Газа.
Пакетот што се испраќа вклучува околу 700 милиони долари за тенковска муниција, 500 милиони долари во тактички возила и 60 милиони долари минофрлачки гранати, рекоа помошниците.
Нема индикации кога оружјето ќе биде испратено. Израел е седум месеци во војна против терористичката група Хамас во Газа.