САД му воведоа санкции на Хашкиот трибунал поради налозите за апсење на Нетанјаху

од Milan1
22 прегледи

Претставничкиот дом на САД гласаше за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС), протестирајќи поради неговото издавање на налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, поради израелската офанзива во Појасот Газа.

Претставничкиот дом вчера усвои мерка со 243 гласа „за“ и 140 со која ќе се санкционираат странските државјани кои истражуваат, апсат, приведуваат или обвинуваат граѓани на Соединетите Американски Држави или сојузничките држави на САД, како што е Израел, кои не се членки на судот. Сите републиканци, 198 од нив, гласаа за мерката, а 45 демократи им се придружија.

„Америка го усвојува овој предлог-закон затоа што квази-судско тело сака да го уапси премиерот на нашиот голем сојузник Израел“, рече пратеникот Брајан Маст, републиканскиот претседател на Комитетот за надворешни работи, пред гласањето.

Слични содржини