САД најавија испраќање засилување на Блискиот Исток

од Симе Стоиков
180 прегледи

САД денеска објавија дека испраќаат засилување на Блискиот Исток бидејќи се зголемуваат стравувањата дека Иран ќе го нападне Израел како одмазда за смртоносниот напад врз иранскиот конзулат во Сирија.

Израел веќе е во состојба на готовност за потенцијален директен напад од Иран во наредните денови.

„Испраќаме дополнителни средства во регионот за да ги зајакнеме регионалните напори за одвраќање и да ги заштитиме американските сили“, изјави неименуван американски воен претставник.

Тој не кажа за какво засилување станува збор.

Иран му се закани на Израел по израелскиот напад на 1 април кога беше уништен иранскиот конзулат во амбасадата во Дамаск и беа убиени 16 лица, меѓу кои и двајца генерали на „Чуварите на исламската револуција“ – специјално крило на иранската армија.

Заканите на Иран кон Израел се „веродостојни“ и „реални“ – изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Тој рече дека САД имаат намера да направат „се што е можно за да се осигураат дека Израел може да се одбрани“ и да се осигураат дека Американците се „правилно“ подготвени за загрозен напад.

Слични содржини